Екипата на Манчестер Јунајтед продолжи со тренинзите
Манчестер Јунајтед преку соопштение објавено на нивниот официјален веб сајт информира дека ја отвори својата тренинг база.
Тренерот Ралф Рангник и играчите од тимот ќе почнат со етапно враќање на тренинзите, пред претстојниот дуел во Премиер лигата против екипата на Њукасл кој се игра на 27.декември.
Минатата недела базата на Манчестер Јунајтед беше затворена поради зголемениот број позитивни случаи со коронавирус меѓу играчите и персоналот во клубот од „Олд Трафорд“.
Поради овие причини Јунајтед не ги одигра последните две кола од лигата, против екипите на Брентфорд и Брајтон. Овие два меча беа одложени и ќе се одиграат во некои наредни термини.