Донација на новогодишни пакетчиња
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници нашите три фирми Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа, им донираа новогодишни пакетчиња на децата од дневниот центар за лица со поцебни потреби во Кичево.
“Традицијата за донирање во оваа установа ја продолжуваме и оваа година. Во 2019 година им дониравме специјална компјутерска столица за нивните секојдневни потреби.” – изјави Томас Јованоски, менаџер на Евротип и Голд Слот клубовите во Кичево
Во Кичевскиот дневен центар секојдневни активности имаа 20 деца со попреченост.
Празничниот период е време кога сите ние треба да си помогнеме меѓусебе. Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа и понатаму ќе ја продолжат својата мисија и општествена одговорност, да помагаат онаму каде што е најпотребно.