Баерн Минхен подготвува трансфер бомба за Рафиња од Лидс
Најтрофејниот германски фудбалски клуб, Баерн Минхен, има намера во своите редови да го доведе играчот на Лидс Јунајтед, Рафиња.
Бразилските медиуми пренесуваат дека гигантот Баерн е подготвен за негов ангажман да одвои 50 милиони евра и трансферот да се реализира во јануари.
Доколку од Лидс не се подготвени за јануарска разделба со репрезентативецот на Бразил, тогаш сигурно е дека „баварците“ ќе направат повторен обид за негово ангажирање во летниот период.
Рафиња во дресот на Лидс, има одиграно 47 натпревари на кои постигна 14 гола. Одличните игри во Премиер лигата му донесоа и повик за настап во Бразилската репрезентација каде одигра 5 натпревари и запиша 2 гола.