ПСЖ сака да го врати Кингсли Коман од Баерн

Баерн на крајот од сезоната ќе се раздели со Кингсли Коман кому му истекува договорот, а засега нема индиции дека ќе го продолжи.

Не е спорна волјата на клубот да го задржи, туку на играчот кој одбива понуди, а како што пишуваат медиумите од Шпанија, тој би можел да го засили ПСЖ како слободен играч. Францускиот клуб како слободни играчи по истиот рецепт ги донесе Рамос, Вајналдум, Меси, Донарума …

Баварците не седат со скрстени раце, туку бараат замена, а се работи за фантастичниот фудбалер на Лидс – Рафиња.

25-годишниот крилен напаѓач постигна осум гола на 16 натпревари. Тој сака да се испроба во поголем клуб, а нема сомнеж дека Баерн е токму тоа.