Борусија Дортмунд го враќа Јовиќ во Бундеслигата

Лука Јовиќ не се изнаигра во Реал Мадрид по трансферот од Ајнтрахт Франфурт и постои можност одново да се врати во Бундеслигата.

Јовиќ не успеа да се наметне во таборот на „кралевите“, па така вториот дел од минатата сезона го мина во Франкфурт. И во актуелнава кампања одново нема некоја преголема минутажа кај Карло Анчелоти, па ова сака да го искористи Борусија Дортмунд да го доведе во своите редови.

Медиумите во Шпанија пренесуваат дека „милионерите“ би сакале да го добијат напаѓачот на заем со опција потоа и да го откупат договорот.

Лука има 24 години и може да биде добра опција за бундеслигашот особено ако во 2022 си замине Ерлинг Халанд со што дефинитивно би се ослободил простор, место кое Србинот би можел да го пополни.