Левандовски повторна најавува можност за промена на клубот
Најдобриот стрелец на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, уште еднаш навести дека не ја исклучува можноста да го промени клубот.
Полскиот репрезентативец за време на доделувањето на Глоуб Сокер наградите во Дубаи изјави дека е секогаш подготвен за нови предизвици во животот.
„Тоа не мора да значи дека сакам да го променам актуелниот клуб за кој настапувам, но никогаш сосема не би ја исклучил и таквата можност“.
33-годишниот Левандовски, долго време се поврзува со евентуален трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид. Тој пред извесно време имаше и некој вид на преговори со клубот од Мадрид, меѓутоа Баерн Минхен го убеди да остане нудејќи му договор со подобри финансиски услови со важност до јуни 2023 година.