Нема одложување, Суперкупот на Италија ќе се игра редовно на 12 јануари

Екипите на Интер и Јувентус се за одложување на натпреварот за Суперкупот на Италија. Двата клуба веќе испратиле заедничко барање до раководството на Серија А, објави „Ла газета дело спорт“.  

 Причина за барањето на италијанските фудбалски великани е усложнувањето на состојбата со коронавирусот во земјата. Одговорот на официјалните лица вели дека лигата и федерацијата ја држат ситуацијата под контрола, но засега не гледаат потреба од промена на натпреварувачкиот календар. 

Натпреварот Интер – Јувентус е закажан за 12 јануари на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.