Астон Вила многу блиску до купување на Лукас Диње
Според најновите трансфер вести од Островот, екипата на Астон Вила во овој момент е најблиску до доведување на францускиот бек Лукас Диње од Евертон.
Како што е познато од порано, тој веќе доби дозвола од тренерот на Евертон, Рафа Бенитез, за напуштање на клубот по нивната меѓусебна кавга.
Иако за најголем кандидат за потписот на Диње се споменуваше Њукасл, сепак тренерот на Астон Вила,Стивен Џерард ги убедил водечките луѓе во клубот и тие се спремни да платат 25 милиони фунти за реализација на овој трансфер.