Манчестер Сити спремен за преговори со Барселона за Френки де Јонг

Фудбалскиот клуб Барселона е подготвен да ја разгледа можноста за продажба на Френки Де Јонг, а англискиот шампион Манчестер Сити е фаворит за неговиот потпис. Се верува дека тренерот Гвардиола е голем фан на холандскиот играч за врска и неодамна изрази желба тој да биде доведен во Манчестер, но тогаш претседателот на „каталонците“ Жоан Лапорта ја одбил таквата можност.

Холандскиот интернационалец де Јонг ја игра својата трета сезона на „Камп Ноу“ но сега тој се соочува со поголема конкуренција во тимот и со неизвесна иднина.

Еден од главните проблеми за кој му се замерува е дека не покажува јаки игри на големи натпревари како што беше случајот и против Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија кога по првото полувреме беше заменет од Педри. 

24-годишниот Холанѓанец се сметаше за незаменлив играч во тимот на Барса но по доаѓањето на тренерот Чави неговата судбина во клубот станува неизвесна.