Црвена Звезда заработи 5 милиони евра, Лазетиќ потпиша за Милан
Милан вчера го потврди трансферот на Марко Лазетиќ, кој доаѓа од Црвена Звезда. 18-годишниот напаѓач потпиша договор со „росонерите“ до 2026 година, а Милан за неговиот потпис на српскиот клуб му плати 5 милиони евра.
Лазетиќ важи за голем талент и ќе игра за првиот тим, а за место во тимот ќе се бори со ветераните Оливие Жиру и Ибрахимовиќ.
Српскиот напаѓач го избра дресот со број 22, кој во минатото го носеше неговиот идол Рикардо Кака.