Мина се повреди, Колумбиецот го чека пауза од 8-10 недели
Фудбалерот на Евертон, Јери Мина ќе биде надвор од терените помеѓу осум и десет недели поради повреда на мускулот, пренесуваат англиските медиуми.
Дефанзивецот на клубот од „Гудисон Парк“ беше заменет во текот на првото полувреме против Њукасл во вторникот, натпревар кој неговиот тим го изгуби со 3:1.
Евертон е во лоша форма и има само една победа на последните 15 натпревари и повредата на репрезентативецот на Колумбија носи дополнителни проблеми за менаџерот на тимот Френк Лампард.
„За жал се покажаа точни нашите стравување. Јери ќе биде надвор од терените 10 недели. Тоа е удар за нашиот тим. Тој е важен играч за Евертон, секогаш позитивен и сигурно ќе ни недостасува“, изјави Лампард.