Милан спреми нов договор за Бенасер
Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини, сака да го задржи во клубот играчот од средината на теренот, Исмаел Бенасер. За таа цел од Милан подготвија нов договор според кој Алжирецот ќе добива плата од 3 милиони евра по сезона.
„Росонерите“ пред неколку дена го продолжија и договорот со Тео Ернандез, бидејќи не сакаат да ги повторат грешките од минатото кога клубот без обештетувања го напуштија голманот Донарума и Хакан Чалханоглу.
Бенасер го носи дресот на Милан од 2019 година кога пристигна од Емполи. Денешната вредност на играчот на фудбалскиот пазар изнесува 30 милиони евра.