Пандев ќе пропушти два натпревари по повредата

Горан Пандев во изминатиот викенд го постигна својот деби гол за Парма, но и се повреди.

Пандев во игра влезе на почетокот на второто полувреме за десетина минути подоцна да се запише во листата на стрелци. Важна улога одигра Пандев и при постигнувањето на вториот гол на Парма кој дојде после неговиот шут. Набрзо потоа и се повреди. На теренот помина вкупно 25 минути во кои даде огромен прдоинос во пресвртот.

Сега е објавено и колку ќе паузира Пандев. Повредата не е сериозна, а Парма без Пандев ќе мора да биде во следните два натпревари против Кремонезе кој се игра задутре и против Тернана во сабота.

Се додава дека постои мала можност да биде во конкуренција за натпреварот против Тернана ако ги помине медицинските тестови во текот на неделата, додека дуелот со Кремонезе дефинитивно ќе го пропушти.