Шалке ќе го тргне логото „Газпром“ од своите дресови

Германскиот фудбалски клуб Шалке објави дека ќе го тргне името „Газпром“ од дресовите.

Руската компанија е генерален спонзор на Шалке, но после новонастанатата воена ситуација во Украина германскиот клуб се реши да го тргне логото.

„Со оглед на новите случувања Шалке одлучи да го тргне логото на спонзорот Газпром од дресовите“, објавија од Шалке.