УЕФА го раскинува договорот за спонзорство со рускиот „Гаспром“
После одземањето на организацијата за домаќинство на финалето од Лигата на шампионите кое требаше да се одржи во рускиот град Санкт Петерсбург, УЕФА се реши на уште еден чекор со што ќе го изрази своето незадоволство од руската воена акција во Украина.
Имено, од УЕФА бараат начин како да го раскинат спонзорскиот договор за Лигата на шампионите со компанијата „Гаспром“, која е еден од главните финансиери на натпреварувањето.
Оваа разрешница се очекува во наредните денови кога и ќе се дознае какви финансиски последици истата би предизвикала.