Меси посакува враќање во Барселона

Шпанските медиуми денес пренесуваат изненадувачки вести во врска со Лионел Меси. Имено, Хорхе Меси кој е татко а воедно и менаџер на фудбалерот, пред неколку дена стапил во контакт со претставници на Барселона за да дознае дали е можно сензационално враќање на Аргентинецот на „Камп Ноу“ ова лето.

Самиот Меси беше исвиркан во неделата при победата на ПСЖ од 3:0 над Бордо во Лига 1. Причината беше испаѓањето на францускиот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид. Затоа Аргентинецот почна да ги разгледува своите опции за следната сезона.

Од самото пристигнување во Париз, Меси никако не успева да се вклопи во системот на игра на тимот. Тој во француската лига досега успеа да постигне само два гола.