Манчини ги отвори картите за дуелот против Македонија
Селекторот на Италија Роберто Манчини го објави списокот на играчи на кои ќе смета за дуелот со Македонија на 24 март. И покрај најавите сепак Манчини не го стацви на овој список Марио Балотели кој се надеваше на кам-бек во репрезентацијата.
Италија ќе биде домаќин во Палермо, каде ќе се одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.
Европскиот првак ќе смета на следните играчи:
Голмани: Сиригу, Голини, Донарума, Грањо;
Одбрана: Ачерби, Бастони, Бираги, Бонучи, Кјелини, Ди Лоренцо, Емерсон, Флоренци, Луиз Фелипе, Мансини;
Среден ред: Барела, Кристанте, Жоржињо, Локатели, Песина, Пелегрини, Сенси, Тонали, Верати;
Напад: Белоти, Берарди, Имобиле, Инсиње, Жоао Педро, Политано, Скамака, Распадори, Закањи, Заниоло.