Лаутаро позитивен на ковид-19, нема да настапи против Венецуела и Еквадор
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, се заразил со коронавирус, соопшти италијанскиот фудбалски состав.
Тој бил позитивен на ковид-19 уште пред да замине во кампот на репрезентацијата на Аргентина за квалификациските мечеви со Венецуела и Еквадор на 26 март и 30 март за Светското првенство. Лаутаро во сезонава одигра 27 натпревари за Интер на кои постигна 14 голови.
Во селекцијата на „гаучосите“ ќе го нема и фудбалерот на Ајакс, Лисандро Мартинез, кој заработи повреда на тетивата под коленото на левата нога.