Сантош: Мораме да ја респектираме Македонија

Репрезентацијата на Португалија е огромен фаворит во финалниот бараж дуел за пласман на СП против Македонија и сака континуитет во учествата на големите натпреварувања.

Португалците играат на домашен терен и секако очекуваат победа, но избраниците на Благоја Милевски покажаа дека се способни да ја елиминираат било која врвна селекција.

Поради ова селекторот на Португалија, Фернандо Сантош изрази внимателност и порача дека неговите играчи треба да имаат голема почит кон македонската селекција.

„Мораме да покажеме иста почит кон Македонија како и кон Италија. Јас пред баражите кажав дека тие не се шега и ништо не се знае до крајот.Нашиот фокус и концентрација треба да биде на највисоко ниво. Екипа која отиде во Италија и го победи европскиот шампион, мора да се респектира“, изјави Сантош.