Ристовски: На Светското првенство ќе навивам за Португалија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовки, во изјава после финалниот бараж, признава дека Португалија беше надмоќен противник и дека заслужено ќе патува на СП во Катар.

„Честитки до Португалија за триумфот. Тие доминираја во овој отворен натпревар. Ние мораме да заминеме од овде со кренати глави. Горд сум на моите соиграчи и на мојата земја, бидејќи го изненадивме фудбалскиот свет. На првенството во Катар ќе навивам за Португалија, бидејќи се чувствувам малку Португалец. Мојот син е роден тука и ќе бидам радосен доколку тие го освојат шампионскиот пехар“, порача Ристовски.