ПСЖ подготвен да слушне понуди за Меси
Некои од Француските медиуми ја пренесуваат веста дека раководството на Париз Сен Жермен е подготвено да слушне понуди за Меси во текот на претстојниот летен преоден рок.
Според информациите ,ПСЖ ќе се насочи кон обновувањето на договорот со Килијан Мбапе. Парижаните ќе мора да смислат нов договор кој ќе го запре неговото заминување во Реал Мадрид за кој се шпекулира дека веќе има преддоговор со француската ѕвезда.
ПСЖ ја смета продажбата на Меси и на Нејмар ова лето како важен дел од нивните напори за обновување на договорот со Мбапе, бидејќи Аргентинецот и Бразилецот трошат голем дел од буџетот за плати во клубот.