Серхио Рамос сака да остане во ПСЖ
Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос нема намера да ја напушти екипата на Париз Сен Жермен во текот на летото, пренесуваат извори блиски до фудбалерот. Целта на Рамос е да покаже дека уште е способен да освојува титули.
Поранешниот капитен на Реал Мадрид, одигра само 4 натпревари за ПСЖ во Лига 1 . Долго време се мачи со повреди, и никако да влезе во посакуваната форма.
Според информациите, тој е свесен дека не ги исполни очекувањата на навивачите и на клубот поради постојаните повреди и сака да му се оддолжи на истите останувајќи уште една сезона во Париз.