Чуамени наместо во Реал може да заврши во Сити
Манчестер Сити се вклучи во трката за францускиот репрезентативец, Орелиан Чаумени, пренесуваат англиските медиуми.
Чуамени минатата сезона се наметна во тимот на Монако, а оваа сезона игра одлично и веќе е стандарден во француската репрезентација. За Чуамени силен интерес покажува Реал Мадрид, но Манчестер Сити е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Гвардиола верува дека Французинот идеално ќе се вклопи во неговиот стил и на игра и е во потрага по таков профил на фудбалер. Монако за слободата на својата ѕвезда бара 60 милиони евра, а „граѓаните“ се спремни да ја платат таа сума.