Париз Сен Жермен го носи Погба во Франција
Челниците на Париз Сен Жермен ќе се обидат да го привлечат Погба назад во неговата татковина. Според информациите клубот веќе упатил понуда до Пол Погба бидејќи договорот на Французинот со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезоната и се чини дека тој нема да остане на Олд Трафорд.
Доколку 30-годишниот фудбалер се согласи со условите на ПСЖ, тој ќе се пресели на Паркот на принцовите како слободен играч.
Парижаните со сигурност ќе му понудат повисока плата од 290 илјади фунти неделно, колку што во моментот Погба заработува во Јунајтед.
Се верува дека Погба повеќе сака да се врати во својот поранешен тим Јувентус, но неговата плата е превисока за гигантот од Италија.