Медиумите го местат Рангник за селектор на Австрија, федерацијата демантира

Фудбалска федерација на Австрија официјално ги демантираше гласините дека во почетокот на неделава директорот на организацијата, Петер Шетел, одлетал во Манчестер на средба со привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник.

Според шпекулациите, газдите на австрискиот фудбал имале план да го поканат Рангник за селектор. Местото е испразнето откако Франко Фода поднесе оставка по поразот од Велс во полуфиналниот плеј-оф за Светското првенство во Катар.

Австриската фудбалска федерација наведува дека немало средба меѓу Шетел и Рангник.