Ѓорѓе Стојчев го напушти тренерското место во Академија Пандев
Тренерот на македонскиот прволигаш Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев, не е повеќе тренер на екипата.
Тој одлучи да се повлече од функцијата во клубот од Струмица, после двата натпревари во кои Академија Пандев беше изразит фаворит но не успеа да слави победа. Во минатото првенствено коло претрпе пораз од Скопје а во последниот натпревар играше нерешено со Борец .
„Благодарност до Горан Пандев, Фк Академија Пандев. Со срце и душа работев од создавањето на клубот па се до денес. После двата последни резултати одговорноста ја превземам јас како тренер. Посакувам на клубот, играчите во иднина исполнување на зацртаната цел и се надевам ФК Академија Пандев ќе игра во Европските натпреварувања !!!“, порача Стојчев преку пост на Фејсбук.