ФИФА истакнува: Нема да се менува времетраењето на натпреварите

Светската фудбалска федерација(ФИФА) ги демантира шпекулациите дека натпреварите на Светското првенство во Катар ќе траат подолго од 90 минути.

Претходно, некои од светските медиуми ја пренесоа веста дека од ФИФА размислувале да ги продолжат натпреварите, а претседателот Џани Инфантино ја разгледувал опцијата натпреварите да траат 100 минути, со цел навивачите да уживаат во повеќе акција.

Во извештаите се напоменуваат податоци од истражувања според кои во Лигата на шампионите активно се игра само 60,2 проценти од времето.

Но набрзо стигна и демант од Светската куќа на фудбалот.

„После објавените извештаи и гласини, ФИФА сака да истакне дека нема да има промени во правилата во врска со должината на траење на фудбалските натпревари на СП во Катар, ниту на било кое друго натпреварување“.