„Лудница“ по влезници на навивачите на Рома
Италијанските медиуми известуваат дека симпатизерите на Рома направиле права хистерија околу набавката на влезници за полуфиналната пресметка во Лигата на конференциите против Лестер. Навивачите поднеле речиси 100.000 апликации за билети преку Интернет за дуелот закажан за 5 мај во Рим.
Продажбата на билетите започна денеска, а предност при набавката треба да имаат сопствениците на сезонски билети, од кои секој може да купи до три билети.
„Олимпико“ ќе биде распродаден многу порано пред датумот на натпреварот, со што навивачите на Рома уште еднаш ќе ја покажат својата доверба во Жозе Мурињо и неговиот тим.