Мегваер нема намера да замине од „Олд Трафорд“ и покрај критиките

Хари Мегваер јасно им стави до знаење на своите пријатели дека не сака да го напушти тимот на лето, и покрај неодамнешната закана со бомба во неговиот дом.

„Хари нема да биде исфрлен од тимот на Манчестер Јунајтед со такви закани. Неговиот приоритет број еден секогаш ќе биде безбедноста на неговото семејство, но тој исто така има силен карактер да го направи правилното. Овие закани најверојатно се дело на некој кукавички обожавател“, изјави извор близок до Мегваер за „Сан“.

Претходно беше објавено дека фудбалерот добил писмо преку мејл во кое се вели дека може да дојде до експлозија во куќата во која живее со својата свршеница и двете деца. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед за помош се обратил до полицијата, која со помош на кучиња ја пребарала куќата, но не нашла ништо. Мегваер оваа сезона одигра 28 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол. Трансфермаркт го цени Мегваер на 40 милиони евра.