Жоржињо и следната сезона ќе игра за Челзи

Жоржињо ќе остане во Челзи и наредната сезона, потврди неговиот менаџер Жоао Сантос.

Откако беше потврдено дека Антонио Рудигер ќе го напушти Челзи, навивачите на „сините“ стравуваа дека и одличниот играч за врска би можел да го напушти Лондон. Меѓутоа, за нивна среќа тоа нема да се случи.

Постоеа гласини дека италијанскиот репрезентативец може да пронајде нова средина поради „комплицираната“ ситуација во Челзи која настана поради санкциите кон Роман Абрамович. Јувентус покажа најголем интерес за 30-годишникот, но управата на клубот од Торино била известена дека Жоржињо ќе остане на Островот.