Рафиња од Лидс ќе биде првиот летен трансфер на Барса

Играчот на Лидс, Рафиња ќе биде примарна цел на Барселона во летниот преоден рок, пренесуваат медиумите во Шпанија.

25-годишното десно крило Рафиња игра фантастично во Лидс и веќе е стандарден бразилски репрезентативец.

Бразилецот го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Ливерпул.

Меѓутоа, тој преферира преселба на „Камп Ноу“ и најновите информации се дека постигнал договор со Барселона.