Марк Нобл од Вест Хем ја завршува кариерата
Играчот на Вест Хем Јунајтед, Марк Нобл ќе ја заврши својата кариера и покрај шансите екипата следната сезона да се пласира во Лигата на шампионите.
Фудбалерот од средниот ред е во екипата од 2004 година и стана легенда на клубот. Капитенот на „чеканите“ има голема заслуга за пласманот на тимот во полуфиналето од Лига Европа.
„Дали освојувањето на трофејот во Лига Европа ќе ме натера да се предомислам? Не. Тоа е мојот искрен одговор. Таков крај би бил повеќе од посебен. Ако се случи тоа, ќе бидам многу среќен. Ќе можам да дојдам и да гледам натпреварите од Лигата на шампионите, а покрај мене ќе го имам и пехарот во Лига Европа“, изјави 34-годишниот Нобл за медиумите.