Јирген Клоп потпишува нов договор со Ливерпул

Англискиот спортски портал „Атлетик“, дава ексклузивна објава дека Јирген Клоп потпиша нов договор со Ливерпул , со кој ќе остане во клубот до 2026 година.

Актуелниот договор на тренерот беше потврден во декември 2019 година со важност до 2024 година. Наскоро се очекува и официјална објава на веста.

Германскиот стручњак веќе седма сезона ги предводи „црвените“, а за тоа време тимот го доведе до триумф во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Во актуелната сезона Ливерпул веќе го освои Лига купот, се наоѓа во финалето на ФА Купот, се бори со Манчестер Сити за титулата во Премиер лигата, и е на чекор од финалето на Лигата на шампионите.