Марко Асенсио започнува преговори за останување во Реал Мадрид
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека менаџерот на играчот од Реал Мадрид, Марко Асенсио , Жорге Мендеш во наредните денови ќе разговара со раководството на клубот околу можноста за продолжување на договорот на фудбалерот.
Асенсио сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“, но тоа ќе зависи и од финансиската понуда од „Кралскиот клуб, пишува Романо, кој додава дека постои интерес за Асенсио и од страна на други европски клубови.