Борусија Дортмунд пред потпис со Нико Шлотербек
После доаѓањето на Никлас Зуле од Баерн Минхен новиот спортски директор на Борусија Дортмунд Себастијан Кел завршил уште еден летен трансфер. Нов фудбалер на вицешампионот на Германија ќе биде фудбалерот на Фрајбург, стоперот Нико Шлотербек, пренесува експертот за трансфери Фабрицио Романо.
Младиот стопер игра одлично оваа сезона во Фрајбург и стигна до репрезентацијата на Германија. Борусија ги следеше неговите настапи и одлучи да го доведе на „Вестфален“. Преговорите се воделе неколку месеци, а наскоро се ќе биде официјализирано.
Очекувањата се Борусија да плати 30 милиони евра за 22-годишниот фудбалер.