Косопственикот на Лос Анџелес Доџерс е пред купување на Челзи

Конзорциумот предводен од косопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли е во ексклузивни преговори за купување на Челзи за 3 милијарди долари, објави Ројтерс.

Претходно во текот на денот, британскиот милијардер Џим Ретклиф објави дека во последен момент дал „официјална понуда“ за купување на клубот за 4,25 милијарди фунти.

Челзи беше ставен на продажба од сопственикот Роман Абрамович по руската инвазија на Украина и санкциите против олигархот наметнати од британската влада.