Директорите полека заминуваат од Манчестер Јунајтед
Мет Џаџ поднесе оставка како директор за фудбалски преговори на Манчестер Јунајтед, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор близок до клубот.
Џаџ е задолжен за трансферите на „Олд Трафорд“ од 2014 година. Моментално е на прагот на заминување и официјално ќе поднесе оставка кон крајот на годинава.
Тој е уште едно име од управата на клубот, која се разделува со „црвените ѓаволи“. На почетокот на оваа година, извршниот потпретседател Ед Вудворд си замина, а пред неколку недели клубот се раздели со своите врвни скаути, Џим Лолер и Марсел Бут.