Борусија Дортмунд со понуда за Дибала
Италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ објави дека напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала добил понуда и од Борусија Дортмунд за негов премин во бундеслигашот.
За 28-годишниот фудбалер има понуда и од милански Интер, и се очекува Дибала сепак да ја прифати истата и да остане во Серија А.
Аргентинецот ова лето ќе си замине од Јувентус како слободен играч откако не успеа да се договори со клубот за нов договор.
Според информациите, со понудата, Дортмунд на Дибала му нуди 4,5 милиони евра годишно и клучна улога во тимот за следната сезона, додека понудата на Интер изнесува 6 милиони евра.