Чави се откажа од Халанд: Нема да дојде во Барса, бидејќи е прескап
Тренерот на Барселона, Чави реагираше на информациите за можниот трансфер на норвешкиот напаѓач од Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд во Манчестер Сити, за кој е заинтересиран каталонскиот клуб.
„Многу е тешко да се организира трансферот на Халанд во Барселона поради економската ситуација. Не сакам да лажам, ова е реалност. Не би рекол дека се е до парите. Не сакам да не ги почитувам спортските проекти на другите клубови. Ние не сме единствениот тим со добар проект. Манчестер Сити освои многу трофеи и се бори против најсилните. Нивното ниво е непобитно. Но, доколку Барселона не успее да го ангажира Халанд, тоа може да биде поради финансиски проблеми“, изјави Чави.