Винициус добива нов зголемен договор во Реал Мадрид

Главна задача на Реал Мадрид по финалето на Лигата на шампионите е да го продолжи договорот со Винициус Жуниор, пишува „Marca“. Актуелниот договор на фантастичниот 21-годишен Бразилец истекува во 2024 година, но Реал не сака да паничи и мора да го обнови договорот или потенцијално да го загуби.

Винициус експлодираше оваа сезона, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции на 50 натпревари, што претходно во Реал успеаја само Карим Бензема и Кристијано Роналдо. Бразилецот е еден од клучните играчи на „белите“ оваа сезона и како што тврди „Marca“, долгорочно сметаат на него на „Сантијаго Бернабеу“.

„Винициус моментално е еден од најслабо платените играчи во првиот тим на Реал. Тој заработува 3,2 милиони евра по сезона, како Себаљос, Ваљехо и Лунин, а тоа е платата што ја имаше кога дојде во Мадрид и таа не е променета. Но, во Реал се свесни дека нема да може да го задржи под такви услови и да му понуди огромна плата“, пишува „Марка“.