Лаказет се враќа во Олимпик Лион

Француските спортски медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет се враќа во својот поранешен тим Олимпик Лион.

Веста ќе биде потврдена што е можно поскоро, бидејќи договорот на Лаказет со „топџиите“ истече и тој нема да биде обновен, а фудбалерот веќе се договорил со францускиот клуб за висината на неговата плата.

31-годишниот Александре Лаказет се враќа во Олимпик Лион пет години откако го напушти тимот и направи трансфер во Арсенал. За лондончани одигра 158 натпревари на кои постигна 54 гола.