Џенк Тосун ќе биде новото засилување на Бешикташ

Медиумите во Турција информираат дека гигантот Бешикташ е блиску до трансфер на Џенк Тосун од Евертон.

30-годишниот фудбалер е еден од милениците на навивачите на Бешикташ, бидејќи Тосун беше дел од Бешикташ во периодот 2014-2018 година и му помогна на тимот да ја освои титулата во турската Супер лига, како и да направи пласман во Лигата на шампионите. Потоа беше продаден на Евертон за 22 милиони евра. 

Договорот на Џенк Тосун со англискиот клуб истекува и нема да биде продолжен. Напаѓачот веќе постигнал договор со раководството на Бешикташ за негово враќање во Истанбул. Се очекува напаѓачот со Бешикташ да потпише тригодишен договор.