Лапорт е замената за Кјелини во Јуве

Емерик Лапорт сака да го напушти англискиот шампион, а кариерата би можел да ја продолжи во Серија А. Поранешниот дефанзивец на Билбао сака да ја промени средината и да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.

Во Сити го изгуби првотимскиот статус и побарал од раководството да му биде дозволен трансфер. Ситуацијата ја следи Јувентус, кој е силно заинтересиран за Лапорт бидејќи во него гледа идеален наследник за Киелини.

Граѓаните“ се спремни да го продадат, но за неговата слобода бараат 60 милиони евра, што може да биде проблем за „бјанконерите“.