Елмас: За една класа сме подобри од Бугарија, но ни фалеше ритам во играта
Фудбалската репрезентација на Македонија го одигра првиот натпревар од новиот циклус во Лигата на нации. Црвено-жолтите одиграа нерешено 1:1 на гостувањето против селекцијата на Бугарија. Македонија беше подобар противник на теренот, но немаше среќа во реализацијата на своите шанси кои ќе ја донесеа победата.
Свое видување за натпреварот даде и еден од подобрите играчи на теренот, Елиф Елмас.
„Натпреварот го игравме во период после краткиот одмор што беше причина да немаме ритам во играта. Беше очигледно дека квалитетно сме подобар тим од Бугарија, и сме една класа над нив, но немавме среќа да ја оствариме посакуваната победа. Се надевам дека на следните натпревари ќе влеземе подобро подготвени и ќе оствариме победи“, изјави Елмас.