Френки Де Јонг: Сакам да останам во Барселона
Играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг изрази уверување дека ќе остане на „Камп Ноу“ и во новата сезона. Шпекулациите за иднината на Де Јонг станаа актуелни откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед го посакува во своите редови. Новиот тренер Ерик Тен Хаг изрази желба за доведување на фудбалерот, но се уште нема конкретна понуда од англискиот клуб.
„Имам доволно самодоверба за да успеам во Барселона. Не се плашам од ништо. Неодамна разговарав со тренерот Чави. Имавме многу добар разговор. Не сакам да ги коментирам шпекулациите за трансфер во Јунајтед или кој било друг клуб“,изјави Френки де Јонг.