Зверев поради повреда го предаде дуелот со Надал

Германскиот тенисер Александар Зверев, поради сериозна повреда на зглобот од десната нога беше принуден да го предаде полуфиналниот дуел со Рафаел Надал на Ролан Гарос.

Повредата на Зверев се случи во првиот поен од тајбрејкот на вториот сет кога тенисерот многу незгодно ја свитка ногата и падна на теренот, притоа жалејќи се на големи болки. 

Веднаш му беше укажана помош од страна на лекарскиот тим но на крајот тој не беше во можност да продолжи со натпреварот.

Претходно се играше одличен дуел кој до моментот на повредата траеше три часа.