Тотенхем ќе се обиде да го доведе Бразилецот Ричарлисон

Англиските медиуми ја пренесуваат веста дека Тотенхем летово ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Евертон Ричарлисон.

Клубот од Лондон веќе стапил во контакт со играчот и се започнати првичните преговори со неговите претставници.

Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте, веќе најави дека екипата ќе треба дополнително да се засили за наредната сезона ако сака поуспешни настапи во Премиер лигата и Лигата на шампиони. Клубот веќе ги доведе Иван Перишиќ од Интер и голманот Форстер од Саутемптон.

Сега се очекува Тотенхем да одвои 60 милиони евра за бразилскиот напаѓач.