Шиме Врсаљко го напушти Атлетико Мадрид
Од Атлетико Мадрид соопштуваат дека хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко го напушти клубот откако на 30.јуни му истече договорот.
Врсаљко го чекаат нови професионални предизвици откако одигра 100 официјални натпревари во дресот на Атлетико Мадрид каде пристигна во 2016 година од италијанскиот Сасуоло.
Хрватот во 2018 година со Атлетико ја освои Лига Европа, а во 2021 година беше шампион во шпанската Примера. Последниве денови се шпекулира дека Врсаљко својата кариера ќе ја продолжи во Олимпијакос.