Газдите на Сити го купија Палермо

Meдиумите во Италија пренесуваат дека работата е завршена и газдите на Манчестер Сити сега се сопственици и на италијанскиот Палермо.

Според информациите попладнево биле потпишани документите за зделката вредна 13 милиони евра. Со ова Палермо ќе биде 11-тиот клуб на шеикот Мансур и „Сити Фудбал Груп“.

За споменатите 13 милиони евра „Сити Фудбал Груп“ ќе добие околу 80% од Палермо, а останатите 20 ќе ги задржи сегашниот сопственик Дарио Мири, тој и ќе продолжи да биде претседател.

Големите финансиски проблеми во Палермо започнаа во 2019 година, клубот тогаш банкротираше и беше исфрлен во четврта лига, а сезонава успеа да избори промоција во Серија Б.