Мутињо го продолжи договорот со Вулверхемптон
Фудбалерот од средниот ред на Вулверхемптон, Жоао Мутињо, потпиша нов договор со англискиот состав.
Португалскиот интернационалец со тоа стави крај на шпекулациите дека сака да си замине. 35-годишниот ветеран беше купен од Монако во 2018 година што значи дека сега ќе ја реализира и петата сезона во Премиер-лигата.
Мутињо в среда ќе му се приклучи на тимот кој треба да ги реализира летните подготовки.